Македонија
19. јуни 2017 - 22:32

Градоначалникот Трајановски приреди ифтар вечера

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски по повод рамазанските пости вечерва приреди ифтар вечера.

На ифтар вечерата присуствувале претставници од Град Скопје, членови на Советот на Град Скопје, претставници од јавните претпријатија, културните институции и средните училишта кои се во надлежност на Град Скопје, како и претставници од повеќе општини во Скопје и скопскиот регион.

Ифтар е прекинување на Рамазанскиот пост по зајдисонце кај лицата од муслиманска вероисповед, поточно тоа претставува вечера за време на Рамазанскиот пост.