-->
-->
На Донарума му се заканува седење на клупа
-->
Најталентираниот светски голман Џиџи Донарума одби да го продолжи договорот со Милан што значи дека од следното лето ќе биде слободен играч. И покрај оваа одлука на младиот голман Милан нема намера лесно да помине преку неговата одлука.
Претседателот на Милан, Ли Јонхонг, кој неодамна го купи фудбалскиот великан рекол дека е подготвен да жртвува 40 милиони евра и дека нема намера да пупошти.
„Платив 800 милиони евра за да го купам Милан. Доколку го продадеме Донарума за 40 милиони нема да станеме побогати. Тој ќе седи на трибините до крајот насезоната“, рекол Јонхонг.
Директорот на Милан, Марко Фасоне, пред неколку дена соопшти дека менаџерот на Донарума, контроверзниот Мино Рајол ги прекинал преговорите, откако прифатил голманот да има годишна плата од 4,5 милиони евра, но не се согласил во договорот да биде вметната голема откупна клаузула.
Интерес за Донарума покажуваат ПСЖ, Јувентус, Манчестер Сити и Реал Мадрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Неготино поставени телескопи преку кои се набљудува затемнувањето на Месечината
-
Сообраќајка на патот Штип - Плачковица, сообраќајот во прекин
-
Лихтенштајн совладан убедливо со 5:0 за враќање на прво место во групата
-
Трамп подготвен за нови санкции против Русија
-
Приведен 18-годишен скопјанец кој се заканувал со пиштол пред угостителски објект
-
Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола, нема опасност по објектите
-
Пронајдена дрога во дом на скопјанец, овозможил и друго лице да користи кокаин
-
Кај малолетник од Скопје пронајдени пиштол и куршуми