Рецитал на сопран и пијано во кумановскиот Центар за култура
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечер во 19 часот рецитал ќе одржат сопранот Марија Муратовска Наумовска и пијанистката Елена Атанасовска-Ивановска. Присутните ќе имаат можност да проследат програма со дела од Глинка, Чајковски, Дунаевски.
- Двете се исклучителни уметници, наградувани и во Македонија и странство, така што нивниот настап во Куманово претставува ретка можност за уживање на љубителите на сериозната музика, изјави директорот на кумановскиот Центар за култура, Роберт Цветковски.
Сопранот Марија Муратовска Наумовска магистрирала соло пеење во класата на проф. К. Трпков, на Фaкултетот за музичка уметност во Скопје. Почнала да гради кариера како солист на оперската сцена, настапувајќи не само во Македонија, во државите од поранешна Југославија, туку и во Италија, Шведска, Турција, Америка, Албанија, Русија, Франција, Германија Бугарија, Велика Британија, Косово и други.
Настапувала како солист со бројни диригенти и филхармонии од Македонија и странство. Добитник е на повеќе награди и признанија, како и на наградата „Георги Божиков”, од Сојузот на композиторите на Македонија. Денеска работи како редовен професор по соло пеење и вокална техника, за додипломските, магистерски и докторски студии на Факултетот за Музичка уметност во Скопје.
Пијанистката Елена Атанасовска-Ивановска е една од најуспешните и најафирмираните пијанисти во Македонија, која активно учествува во музичкиот живот во земјава, но и надвор од неа. Дипломира со највисока оцена на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на еминентниот проф. Борис Романов по што завршува постдипломски студии. Во текот на музичкото образование се здобива со бројни награди на државни и меѓународни натпревари. Повеќепати имала соло настапи со Македонската Филхармонија и Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, а учествувала и на реномирани фестивали концерти во Македонија и странство.
Со рецитали, полурецитали и како пијано соработник настапувала низ цела Македонија и во Русија, Америка, Франција, Шпанија, Португалија, Италија, Грција, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Косово. Во моментов работи како доцент по корепетиција и практика на Факултетот за музичка уметност- Скопје.
Ново на Сител
-
Пијан кривопаланчанец три пати со нож избол 22-годишна девојка во вратот
-
Пронајдена и третата жртва во несреќата во рудникот Велење
-
Бислимовски: Треба да им се помогне на комуналните претпријатија, но и тие треба да ги оптимизираат трошоците
-
Трамп го повика Путин да запре со „бесмислената војна“ во Украина
-
Милановиќ: Хрватска не може да ја заврши војната во Украина, но може да се оддалечи од неа
-
Лазаров: Против Катар повторно да бидеме на високо ниво
-
Тошковски: Со нова донирана опрема МВР ќе ја подобри истрагата на местото на настанот
-
Најмалку 10 мртви во снежна бура на југоистокот на САД