Македонија
15. јуни 2017 - 16:59

Градот ги санира штетите од вчерашното невреме

Чистење на сливници и шахти, отстранување наноси од земја, расчистување на паднати гранки - екипи на штабот за заштита и спасување на Градот Скопје се на терен. Се расчистуваат штетите предизвикани од невремето кое вчера попладне го погоди скопскиот регион. Според информациите од  Центарот за управување со кризи, поројниот дожд не предизвикал поголеми проблеми во градското подрачје. До нив не пристигнале пријави за поплавени подрумуски простории или штети на покривни конструкции.

Според информациите од управата за хидрометеоролошки работи, во невремето кое го зафати централниот дел на државата, најмногу дожд наврнало во скопската котлина.. Мерната станица во Петровец регистрирала 8 литри на квадратен метар.

Градот кој паѓаше 10-тина минути кршеше ветробрански стакла а предизвика и видливи оштетувања кај автомобилите.. Од осигурителните комапнии велат дека ваквите штети не ги покрива полисата за автоодговорност. Единствено каксо осигурувањето овозможува признавање на штета предизвикана од временска непогода.

Инаку од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека нестабилното време продолжува и денеска.

Од УХМР велат дека дестабилизацијата на времето ќе продолжи и во деновите од викендот кога се очекува значително намалуваање на температурите.