Познати 1/4 финалните двојки во женска конкуренција на Вимблдон
На Вимблдон познати се четвртфиналните двојки во женска конкуренција.
Првата фаворитка Серена Вилијамс која во 1/8 финалето беше подобра од својата сестра Венус со 2:0, во четвртфиналето ќе игра против Белинда бениќ од Швајцарија која во два сета ја порази Викторија Азаренка (Белорусија) .
Изненадување приреди Габрине Мугуруза (Шпанија) која со 6:4 и 6:4 беше подобра од 5-носителка Каролина Возниацки од Данска, па шпанската тенисерка за место во полуфиналето ќе се бори со Тимеа
Башчински од Швајцарија која со 2:1 ја победи Романката, Никулеску.
Русинката, Марија Шарапова ќе игра против Американката, Коко Вандевеге откако Шарапова во 1/8 финалето во два сета ја доби Зарија Дијас (Казахстан), додека Американката, Вандевеге елиминирајќи ја 6-та носителка Луси Сафарова од Чешка, со 2:0 по сетови 7:6 и 7:6.
Последниот четвртфинален пар кај дамите ќе го сочинуваат: Американката Медисон Кејс која со 2:1 ја победи Белорусинката Говорцова и 13-тата носителка Агнешка Радванска од Полска на која и беа доволни два сета да ја елиминира Србинката Јелена Јанковиќ
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Наместо да не поддржуваат, соседите ни ставаат вето за ЕУ
-
Николоски во работна посета на Атина, ќе се разговара за подобро регионално поврзување
-
Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ
-
Сообраќајниот метеж во Њујорк го натера Макрон да му се јави на Трамп | ВИДЕО
-
Ѓоковиќ се враќа на теренот, го потврди настапот во Шангај
-
У15: Македонските фудбалери поуспешни од Косово
-
Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика