Лео Варадкар избран за нов премиер на Република Ирска
Парламентот во Даблин го избра денеска Лео Варадкар, за нов премиер на Република Ирска, откако досегашниот премиер Енда Кени се повлече од функцијата.
За изборот на Варадкар гласаа 57 пратеници, 50 беа против, а 47 останаа воздражани.
Со своите 38 години, тој е најмладиот премиер во историјата на Ирска и е првиот отворено деклариран геј што добива некоја висока државна функција.
Потекнува од семејство на мајка Ирка и татко Индус и е лекар по професија.
Варадкар победи на изборите за нов лидер на партијата Фине Гаел, која е владеачка партија во земјата. За заменик лидер, тој го постави својот противкандидат на партиските избори, Сајмон Ковени.
Во владата на досегашниот премиер, тој беше министер за транспорт и туризам, а претходно го раководеше секторот здравство.
Посматрачите во Даблин сметаат дека според својата сексуална определеност, новиот премиер е либерал по политичките уверувања, па се очекува до крајот на мандатот на оваа влада да спроведува и таква политика.
Во своето обраќање во Парламентот на Ирска, премиерот Варадкар одби да ја определи својата влада како десна, или левичарска, сметајќи дека таквата поделба е застарена работа.
Тој се заложи за влада, на како што рече, новиот европски центар.
Првата работа со која ќе се соочи надвор од својата земја, е британскиот Брегзит и договорот за определување на границата меѓу Северот и Југот на поделената Ирска.
Енда Кени беше премиер во два мандата и важи за политичар од Фине Гаел со најдолг стаж на премиерската функција. Тој беше присилен да се повлече од функцијата по силниот притисок од неговите пратеници и од водството на партијата.
Ново на Сител
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница
-
Британски борбен авион Ф-35 изврши принудно слетување во Јапонија
-
Армијата и Министерството за одбрана им оддадe почит на загинатите припадници кај Љуботенски бачила
-
Приведени четири возачи за возење под дејство на алкохол
-
Нешто помалку од 1.600 хектари изгореле во пожарот во близина на Атина