-->
-->
ЛОИ: Србија се пријави за домаќин на квалификации за Рио
-->
По завршувањето на ЕП во кошарка сега се размислува за квалификациските турнири преку кои ќе се обезбеди пласман на ЛОИ во Рио. Тие ќе се одржат од 5-11 јули со учество на 18 селекции. Според информациите за организација на квалификациски турнир се потребни 1,75 милоиони евра, а познато е дека потоа ќе бидат три турнира кои според желбата на ФИБА ќе се одржат на три различни континенти.
За сега познати учесници се Србија, Франција, Грција, Италија, Чешка, Канада, Н.Зеланд, Тунис, Ангола, Сенегал, Мексико и Порторико.
За две недели на списокот ќе се приклучат уште три азиски селекции како и организаторите на квалификациите.
Во случај квалификациите да ги организира некоја од репрезентациите која веќе има обезбедено квалификациско место тогаш ќе бидат вклучени екипи според обезбедениот пласман од соодветниот континент.
Директен пласман на ОИ засега обезбедија Бразил, САД, Австралија, Нигерија, Венецуела, Аргентина, Шпанија и Литванија. Се чека уште претставникот на Азија кој ќе биде познат во Октомври. Последните три места се резервирани за квалификантите.
Србија најави дека ќе се кандидира за организација на еден од квалификациските турнири а ФИБА конечната одлука ќе ја донесе во ноември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Активни шест пожари, вкупно 14 на отворен простор
-
Пронајдена е исчезнатата Билјана од Прилеп
-
Пронајден починат 55-годишен скопјанец во водите на Охридското Езеро
-
Редици пред првата „Лабубу“ продавница во Германија
-
Скопско со нова кампања: Вкусот што нѐ опушта и прави да сме свои
-
На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека 20 минути
-
Во Газа досега загинаа 232 новинари
-
Отстранети пешкири, лежалки и чадори поставени без дозвола на плажите во Полихроно и Калитеа