Во урната зграда во Кенија има најмалку 15 исчезнати станари
Најмалку 15 лица се водат како исчезнати, откако седмократна станбена зграда самата се урна, доцна синоќа, во едно од предградијата на кенискиот главен град Најроби, соопшти полицијата.
Зградата била прогласена за опасно за живеење кога на нејзините ѕидови почнале да се појавуваат пукнатини, па властите извршиле итна евакуација на станарите.
Според весниците во Најроби, околу 120 лица биле евакуирани, речиси во последен момент, пред зградата да се урне, но властите стравуваат дека во урнатините би можело да има заробени лица.
Се стравува дека станува збор за оние кои и покрај предупредувањата , влегувале во зградата, во обид да извлечат нешто од својата покуќнина.
Ваквите инциденти не се ретка појава во Кенија.
Уривање на зградите има најчесто во деловите на сиромашнте предградија и салмовите околу Најроби, каде градежниците не се придржуваат на стандардите и нормите на градење, предвидено со законите.
Во април оваа година, дури 47 лица загинаа при ваквото уривање на една станбена зграда, на периферијата од Најроби, што се случи по неколкудневните обилни врнежи од дожд.
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност