ССМ: Привремено вработените ќе ги имаат истите права како и останатите вработени

Работниците кои се вработени преку агенциите за привремени вработувања ќе ги имаат истите права како и останатите вработени согласно Законот за работни односи.
Ова е предвидено во предлог-законското решение за агенциите за привремени вработувања кое веќе помина на последната седница на Економско-социјалниот совет и треба да влезе во владина процедура.
Претседателот на ССМ Живко Митрески денеска на прес-конференција рече дека со овие законски измени бенефит ќе имаат 5.131 работник.
- Со овој предлог закон се овозможува целокупните одредби од Законот за работни односи да важат за сите работници, односно и за работниците кои ги отстапува агенцијата за привремено вработување. Тие ќе важат и во делот на платата, на минималната плата, безбедноста и здравјето при работа, заштитата на посебните категории на работници... Важно е и тоа дека со член 21 и член 24 се регулира правото на слобода на синдикално организирање и колективно преговарање, истакна Митрески.
Тој соопшти дека на денешната седница на Извршниот одбор е проследена постапката за продолжување на колективниот договор за приватен сектор, додека за колективниот договор за јавниот сектор рече дека очекува да отпочнат анализите за реализација на разговорите со другите репрезентативни синдикати.
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат
-

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро
-

Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска
-

Патник од прва класа на лет во САД касал и удирал луѓе, па со селотејп го залепиле за седиштето
-

ЦУК: До 7:30 вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни
-

Митева за Сител: Системот со карти за 8 Септември е поради безбедноста и за да нема огромни редици
-

Вучиќ: В среда или в четврток ќе ги распишам изборите
-

Над 15 отсто од Македонците се дебели – каде сме во споредба со Европа?
