-->
-->
Важно соопштение за натпреварот Македонија – Шпанија
-->

Сите љубители и навивачи на македонската репрезентација во текот на утрешниот – Ден на натпревар меѓу Македонија и Шпанија можат да купат билет на три локации во близина на Националната арена „Филип Втори“.
Поставени се три продажни места:
-Фонтана „Градски парк“; Кеј на Вардар зад Влада на РМ; Пешачки мост во близина на дискотеките во „Градски парк“ кои на денот на натпреварот ќе работат од 12:00 до 20:15 часот.
Билетите кои се купени електронски ќе мора да се заменат за реални билети на наведените пунктови.
Влезовите за публиката на Националната арена на денот на натпреварот ќе бидат отворени од 18.45 часот, а ќе се затворат во 20.30 часот. Апелираме гледачите да стигнат на време за да се избегнат непријатности непосредно пред почеток на натпреварот.
Билетарата на Националната арена утре нема да работи поради ограничениот безбедносен радиус околу стадионот проектиран од надлежните служби.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
-

Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот во Лајпциг е уште една голема грешка на Берлин
-

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов, татко на Ива Михаилова
-

Вооружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети
-

Македонската химна одекна во Таранто – Белистојановски го донесе првото злато за Македонија
-

Тетово: Му побарале да плати за медицинска услуга во болница, па искршил шалтер и нападнал полицаец
-

Анкета: Европејците најмногу ги мачат здравствените и финансиските проблеми
-

14-годишник возел мотор во спротивна насока, кога ја видел полицијата го оставил и избегал
