-->
-->
НБА: Прва финална победа за Кливленд
-->
Голден Стејт го доживеа првиот пораз во плејофот во НБА лигата, откако го загуби четвртиот меч од финалната серија притив Кливленд со 137?:116.
Актуелниот шампион Кливленд одговори на предизвикот, мораше да го победи во натпреварот број4 и тоа успеа да го направи во голем стил, со соброување на неколку рекорди. Голден Стејт, од друга страна, го забележа првиот пораз во плејофот сезонава, откако до финалето стигна со максимални четири победи во дуелите против Портланд, Јута и Сан Антонио, а во финалната серија победи во првите три натпревари.
Најзаслужен за победата на Кливленд беше Кајри Ирвинг кој постигна 40 поени и од почетокот на мечот ја тероризираше одбраната на противникот.
Леброн Џејмс запиша нов „трипл-дабл“ (31 поен, 10 скокови, 11 асистенции) и се искачи на првото место на вечната листа, кога се во прашање финалните мечеви. Леброн го забележа деветтиот „трипл-дабл“ во кариерата, во финалните мечеви и го престигна Меџик Џонсон, кој има еден помалку.
Одличен меч одигра и Кевин Лав, тој постигна 23 поени (6/8 за три).
Кливленд во првото полувреме постигна 86 поени, со што за три поени го собори рекордот на Далас од 2003 година. Исто така тимовите постигнаа 154 поени во првото полувреме што е нов рекорд, претходниот од 1983 година беше во сопственост на Сан Антонио и Денвер (150),
Клуч за победата на Кавалирс беше одбраната која ја одиграа врз Кари и Томпсон, односно одличната реализација на обидите за три поени. Кари и Топмсон заедно погодија само осум од 24-те обиди од поле, Кливленд погоди 24 тројки од 45 обиди, а Голден Стејт 11 од 39 обиди.
Кевин Дурент го предводеше Голден Стејт со 35 поени, а до него беше Дрејмон Грин со 16 поени и 14 скокови. Популарните „Сплеш брадрс“ (Кари и Томпсон), заедно постигнаа 27 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка