ВМРО-ДПМНЕ: СЈО е партиска експозитура на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ смета дека СЈО повторно потврдило оти функционира единствено како партиска експозитура на СДСМ во правниот систем и дека предметите кои ги води ова обвинителство не се ништо друго туку, како што велат од партијата, реализација на политичките нарачки на Зоран Заев, нешто што македонските граѓани го плаќаат со 4 милиони евра годишно.
- СЈО уште еднаш се докажа како крајно непрофесионална, необјективна и партизирана институција. Основната цел на Катица Јанева не е правдата, туку слугување на пропагандата на СДС. Дури и бруцош на правниот факултет знае дека во апсурдните обвиненија на Јанева не постојат докази за каков било криминал, а истрагите кои ги отвора се срам за кој било обвинител во светот, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека основната цел на Катица Јанева била и останува „обезбедување на приказни за медиумите под контрола на СДС за оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ кое треба да помогне во дефокусирање на јавноста од ветувањата што ги даваше Заев во предизборниот период“.
- Без оглед на приказните со кои СЈО ги храни лажните вести на СДС, граѓаните од Заев и новата влада очекуваат нови 500 километри автопат, просечна плата од 30.000, а минимална од 16.000 денари, додека пак докторите очекуваат плати од 100.000 денари, се вели во соопштението.
Во него се додава дека СДСМ ќе мора да се соочи со реалноста, според која ВМРО-ДПМНЕ на првата владина седница донела одлука за отпис на долгови на граѓани, а оти СДСМ на првата владина седница одлучува да урива градби и да укинува започнати проекти и реформи. Разликите во владеењето ги гледаат граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде истакнуваат дека тоа ќе го види и СДСМ на првите наредни избори.
Ново на Сител
-

Продолжуваат протестите во Франција, се очекуваат нови блокади на училиштата
-

Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова Шапка
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
