Што го предизвикува икањето и како да се ослободите од него?

Во поголемиот дел од случаите, икањето е безопасно но понекогаш тоа може да биде и симптом на некој посериозен здравствен проблем.
Икањето претставува состојба на неконтролирана контракција на дијафрагмата, при што настанува карактеристичен звук. Имено, со грчењето на дијафрагмата доаѓа до затворање на гласните жици, а со тоа и се појавува и звукот.
Што го предизвикува икањето?
Причината е честопати непозната, но експертите велат дека тоа започнува со иритација на дијафрагмата.
Може да се јави како резултат на брзо јадење на храната, при што доаѓа до голтање на воздух или поради консумирање на претопла храна или алкохол", вели д-р Рада Филиповиќ, специјалист по општа медицина.
Во модерното доба, икањето може да биде предизвикано и од стрес или чувство на нервоза. Надразнетоста на нервниот систем кој проаѓа од синусите до дијафрагмата исто така може да ја предизвика оваа здодевна појава.
Траење на икањето и превенција
Најчесто, нападите траат неколку минути, но во ретки случаи тие можат да бидат трајни, од неколку дена па дури и до цел месец.
Најчести причини за долготрајното икање се сериозни здравствени проблеми како што се тумор на мозокот, повреда на главата, болести на хранопроводот, цревни заболувања, проблеми со жолчката и црниот дроб, воспалителни промени на панкреасот и воспаление на белите дробови", истакнува д-р Филиповиќ.
Икањето може да се избегне со бавно јадење и добро џвакање на храната, за да се избегне голтање на воздухот. Исто така, се препорачува и избегнување на газираните пијалоци и пивото.
За краткорочното икање, најчесто помагаат следните "трикови":
- задржување на воздухот најдолго што можете
- брзо пиење на студена вода
- јадење сув леб
- масирање на очните јаболкници
- плазење на јазикот (помага во олеснување на дишењето, а со тоа и намалување на контракциите на дијафрагмата)
Ново на Сител
-

ММФ предвидува Македонија до 2031 да биде седма најбрзорастечка економија во Европа
-

Инфантино: СП 2026 постигна неверојатен успех
-

СП 2026: Аргентина со чудесен пресврт го совлада Египет во осминафиналето
-

Али: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“
-

Галузин: Балтичките држави си играат со оган поради акциите против Русија
-

Трамп од Анкара упати критика до НАТО и изрази разочарување од недостигот на поддршка за САД
-

Клековски: Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт
-

Кривична за две физички и едно правно лице за намерно предизвикување стечај и оштетување или повластување на доверители
