Њујорк тајмс: Хакерите од Северна Кореја се глобална закана

Според американскиот весник Њујорк тајмс, комунистичкиот режим на Северна Кореја развил армија од 6.000 хакери кои се во состојба да вршат кибер напади врз западните држави.
Засега, според весникот, севернокорејскиот режим ги користи овие хакери за кражби на поголеми суми пари од светските берзи.
Весникот наведува дека во 2016 година, Северна Кореја за малку ќе успеела да украде милијарда долари од трансакциите на американските Федерални резерви, и само мала печатна грешка ги спречила во планот.
На сличен начин бил спречен обид на кражба на поголема сума пари од централната банка на Бангладеш, од каде сепак биле однесени 81 милион долари.
И за големата серија кибер уцени преку компјутерски вирус во мај годинава, од која беше соборен системот на британското јавно здравство, се смета дека е дело на севернокорејски хакери, пишува Њујорк тамс. Се на се, хакерските единици на Северна Кореја имаат годишни приходи од неколку стотици милиони долари до милијарда долари, што е една третина од годишниот буџет, пишува весникот.
Се разбира, главна цел на севернокорејските хакери е Јужна Кореја, при што се смета дека нападите главно се вршат преку видео-игри, биткоин берзите и електронските банкарски трансакции.
Повеќето развиени држави кои имаат свои хакерски единици внимаваат какви напади организираат стравувајќи од одмазнички напади доколку бидат откриени. Но, Северна Кореја има примитивна компјутерска мрежа и поради тоа нејзините власти не стравуваат премногу од американски или британски кибер напади, објави Њујорк тајмс.
Ново на Сител
-

Велика Британија соопшти дека нејзините бази на Кипар нема да се користат за воени операции против Иран
-

Словенечката влада го ограничи точењето гориво на 50 литри за физички лица и 200 литри за правни лица
-

Николоски: Изградени 70 проценти од браната Отиња, источниот дел од државата ќе го добие првото рекреативно вештачко езеро
-

Утрово најстудено во Берово и на Попова Шапка
-

Парламентарни избори во Словенија
-

Прекината наставата во училиштата во Израел, се преминува на онлајн настава
-

Неколку експлозии во Ерусалим по предупредувањето за ракети испукани од Иран
-

Иран му одговори на Трамп со најава за напад врз постројките за десалинизација во регионот
