-->
-->
Ништо од примирје, се слушаат сирени за напад, гори појасот Газа: Жестоки судири во текот на ноќта, војската довела тенкови на границата
-->
Палестинските екстремисти од појасот Газа во текот на ноќта повторно испукале ракети на цели на југот на Израел, а оваа држава одговорила со воздушни напади на територија под контрола на Хамас, иако Палестинците соопштиле дека со помош на Египет било постигнато примирје.Сирените за напад продолжиле да се слушаат во израелските градови во близина на границата, а војската распоредила дополнителни трупи и тенкови на границата и соопштила дека како одговор на ракетните напади нападнале комплекс и станица на Хамас.
Немало непосредни извештаи за жртви.
Најновите судири меѓу Израел и Палестина почнале во понеделникот наутро откако седум Израелци биле ранети во ракетен напад во близина на Тел Авив. Израел потоа во знак на одмазда извел низа воздушни напади на локации ширум појасот Газа, во кој седум лица биле ранети кога во текот на нападот била погодена една куќа.
Палестинските власти потоа во понеделникот соопштиле дека Египет посредувал во постигнување на примирје. Според наводите на неименуван службеник кој е запознаен со посредувањето на Египет, примирјето стапило на сила во 22 часот по локално време. За тоа дека бил договорен прекин на огнот јавила и телевизијата на Хамас.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
