Нишани: Потпишувањето на спогодбата историски настан за Косово
Претседателот на Албанија, Бујар Нишани во телефонски разговор со неговата косовска колешка Атифете Јахјага, и го честитал потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ, оценувајќи го овој чин како историски настан за Косово во односите со ЕУ.
- Потпишувањето на оваа спогодба претставува силна поддршка и израз на доверба кон иституциите на Косово, камен темелник за неговата интеграција и натамошниот напредок во европските и евроатланските структури, рекол Нишани.
Тој искажал верба дека овој момент ќе послужи како поттик и катализатор за продолжување на неопходните реформи во сите области. Нишани исто така смета дека потпишувањето на спогодбата е одлична вест за целиот регион, за неговата заедничка европска иднина,вкако и за мирот и стабилноста на Западен Балкан.
Честитајќи и на Јахјага, а преку неа и на Владата и народот на Косово за овој голем успех, шефот на албанската држава, Нишани, рекол дека има силна верба и во зачленувањето на Косово во УНЕСКО, како и во други регионални и меѓународни организации, искажувајќи целосна поддршка од Албанија за Косово за секој негов чекор.
Ново на Сител
-
Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат
-
Андоновски: Имаме капацитет за спроведување дигитален попис, во 2026-та ако бидеме подготвени
-
Скопје денеска со третата највисока температура во Европа – 41,7°C
-
Орбан: Да бараме од нашите семејства да плаќаат 3,5 пати повеќе за гас? Тоа не е лидерство, туку економско самоубиство
-
Путин: Русија ќе ги намали воените трошоци и е отворена за преговори со Украина
-
Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување за викендот
-
Вицепремиерот Николоски учествува на Форум за министри за транспорт во Истанбул
-
Сиљановска-Давкова ги прими припадничките на Армијата кои успешно ја завршија обуката во САД