Македонија
2. February 2018 - 16:44

Нимиц замина со оптимизам, Заев очекува решение кое ќе помине на референдум, Грција изненадена од Димитров

Решение кое ќе биде доволно прифатливо за двете земји за да го зачува достоинството  ќе биде потврдено на референдум. Премиерот Зоран Заев во изјава за бугарската ТВ Нова порачал дека проблемот ќе биде решен пред средината на Јуни.

Со истата изјава за решение до Јуни настапи и Никос Коѕијас шефот на грчката дипломатија, кој вели дека нема да има крштевка, туку одлука пред матичар.

- Ние нема да ја крстиме оваа земја. Оваа земја го содржи името Македонија и всушност за 140 земји е без непријателски склоности. Она што го правиме денес е како свадба. Тоа е како жена која на нејзината свадба се прашува дали, освен своето презиме, исто така ќе го прифати и презимето на нејзиниот сопруг“, вели тој.

Грчката јавност сепак бурно реагираше на изјавата на македонскиот министер за надворешни кој порача дека иднетитетот не може да биде дел од преговорите, ниту пак македонскиот јазик.

Портапролот на грчката влада Ѕанакопулос вели дека ваквите изјави му попречуваат на процесот и ја рушат позитивната клима. Ѕанакопулос сепак беше јасен дека уставни промени мора да има, а поставувањето на црвени линии е лош потег.  

- Постојат три различни прашања односно три основни столба на грчките позиции. Првото е сложено име. Второто е она што го нарекуваме ерга омнес односно кон сите, сложено име за севкупна употреба, што го вклучува и соседот, што значи дека е неопходна уставна ревизија, за да може ова ерга омнес да се реализира. И третото е она што се однесува на иредентизмот, што исто така се поврзува со уставна ревизија, вели Ѕанакопулос.

Пред протестите најавени за во недела, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас вчера добил заканувачка порака во која му порачуваат дека има три куршуми за него. Грчката полиција со посебен план ќе го обезбедува главниот град во недела. Покрај протестите за преговоите и употребата на терминот Македонија, на улиците во Атина излегуваат и анархистите а ќе бидат таму и навивачите на Олипијакос и АЕК пред вечерното дерби.