-->
-->
Нимиц, Димитров и Коѕијас во Виена бараат решение за името
-->
Вo прoстoриите нa австриското Министерствo зa нaдвoрешни рaбoти во Виена, во тек е средбата на медијаторот Метју Нимиц со шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас.На почетокот на средбата присуствувала и шефицaтa нa aвстрискaтa диплoмaтијa Карин Кнејсл. Се очекува разговорите кои неформално почнаа синоќа со работна вечера Димитров - Коѕијас, да продолжат и попладне со работен ручек на кој ќе присуствува и Нимиц.
Пред новата рунда разговори, куса изјава даде само Коѕијас, изразувајќи надеж дека денеска ќе биде направен прогрес.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, во пресрет на средбата во Виена објави дека Нимиц ќе им претстави на Димитров и Коѕијас павна форма, со празни места во спорните прашања.

- Нимиц ќе биде тој што прв ќе се обрати и ќе ја претстави правната форма, врз база на која ќе се достави можниот иден договор на двете страни во ОН, со празни места за спорните прашања, како што е името. Потоа ќе следи претставување на ставовите на двајцата министри за надворешни работи и преговори за позициите, пишува грчката новинска агенција и додава дека преговорите во Виена се очекува да траат долго, ако се суди според минатиот состанок што траеше седум часа
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Жената која си го одзеде животот заедно со нејзината ќерка со години пријавувала семејно насилство, вели нејзиниот брат
-

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Оман
-

Бела куќа: Операцијата против Иран има јасни цели
-

Димитриевски: Недозволиво е Груби да биде во куќен притвор
-

Андоновски на најголемиот светски конгрес за мобилни оператори - MWC26 во Барселона
-

Реакција од ГАК по објавите во медиумите за смртта на родилката
-

Украина разгледува нова локација за преговори со Москва
-

Трамп најавува силен удар врз Иран, не исклучува испраќање копнени сили
