-->
-->
Николов: Со вакво покачување на платите, здравствените работници ќе продолжат да заминуваат од државата
-->

Денес се потврди утопијата дека откако ќе дојдат на власт, во првите шест месеци ќе ја покачат основната плата на сите здравствени работници за 15 проценти. Измина повеќе од една година и половина откако владата предводена од СДСМ е на власт, а ова ветување се сведе на минорни 5%. Едноставно кажано повторно ИЗЛАЖАА.
Замислете, СДСМ и Заев ветуваа дека основната плата на докторите специјалисти до 2020 година ќе изнесува повеќе од 100 илjади денари. Со ова темпо на покачување, тешко дека некој специјалист ќе ja види оваа плата, а лекарите и здравствените работници само ќе продолжат да заминуваат од државава.
СДСМ исто така им ветуваше и на матичните лекари зголемена капитација, односно покачување на капитациониот бод на 90 денари. Понатаму, ветуваа покачување и на капитацијата по пациент и на матичните стоматолози. Но, денес се сведовме во состојба да околу 10 илјади пациенти останат без здравствен третман од матичен лекар, сето тоа само заради неспособноста да се отстранат бирократските процедури.
СДСМ и министерот Венко Филипче, најавуваа ставање на пациентот во центарот на вниманието, а флоскулата „задоволни пациенти и задоволни лекари” денес се сведува на зголемување на времето на чекање на преглед кај специјалист и преоптеретеност на специјалистите со по 40-50 прегледи на ден.
Оттука се поставува прашањето знае ли актуелниот министер за здравство, што ветувала партијата која го доведе на оваа функција, и што им е ветувано на вработените во здравството и на граѓаните? Согласно фактите неговото име наместо со заложби за решавање на проблемите, мерки за граѓаните, и за вработените во здравството, се поврзува единствено со тендери.
Со неисполнувањето на ветувањата, лагите и со манипулациите, како со оваа последнава за покачување на платите за 5 проценти, а не ветените 15 проценти, Заев и Филипче покажуваат дека тие не се грижат за здравјето на граѓаните и единствено ги манипулираат.
Денес реалноста говори дека за СДСМ, непознат e терминот достоинствен третман, бидејќи тие освен со лаги и манипулации, на друг начин не знаат и не се способни да ги задржат во јавното здравство лекарите и здравствените работници.
Го повикуваме министерот Филипче и одговорните во владата на СДСМ да реализираат барем едно дадените ветувања. И да не ја потценуваат интелигенцијата и достоинството на здравствените работници и лекарите.
Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Четворица астронаути се вратија на Земјата по пет месеци поминати на Меѓународната вселенска станица
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека околу 40 минути
-
Жител од Трубарево осомничен за загрозување на безбедноста во сообраќајот
-
Студија: Врската на човекот со природата се намалила за 60 проценти во изминатите 200 години
-
Апел од ЈП Водовод и канализација скопјани рационално и внимателно да ја користат водата
-
Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро
-
Претседателот на Собранието ги распиша локалните избори на 19 октомври
-
18-годишник со мопед удрил во паркирано возило, тешко повредена неговата малолетна сопатничка