Николоски: Денеска во Собранието е поднесена иницијатива за гласање доверба на Владата

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска на прес-конференција информираше дека во Собранието е поднесена иницијатива за гласање доверба на Владата и дека Собранието треба да ја разгледа истата.
-Причината за оваа иницијатива е дека владата предводена од СДСМ и ДУИ наместо да го сочува достоинството на државата и нејзините граѓани, се повеќе го доведува народот до сиромаштија. Владата предводена од Заев ги изневери граѓаните што се виде и на локалните избори кои беа референдумско изјаснување против сегашната влада и нејзините политики. Останувањето на оваа влада ќе донесе до дополнително продолжување на политичката криза, како и на економската криза, енергетскиот шок, сето тоа сериозно ќе ја клекне државата на колена. Граѓаните заслужуваат напредок на државата и на нивниот живот. Државата треба да излезе од постојаната криза, да се понудат решенија за предизвиците. Ѕидовите во опшеството да се срушат, време е за промени, рече Николоски
Николоски напомена дека поради сите наведени причини потпишаните пратеници бараат Собранието да гласа за доверба на владата.
-Иницијативата е поддржана од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“, пратениците на коалицијата АА/А, пратениците на БЕСА и пратениците на Левица. Вкупно 61 пратеник ја потпишаа оваа иницијатива и 61 потпис е доставен до собранието. Очекуваме Џафери во најбрз можен рок да свика седница на која ќе се гласа доверба на владата, рече Николоски.
Николоски дополни дека најдоцна до четврток очекува да има 61+ пратеник, и информираше дека во тек се интензивни разговори и со уште неколку пратеници во Собранието и очекува дека иницијативата за доверба на владата ќе ја поддржат повеќе од 61 пратеник.
Ново на Сител
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
-

Австрија е против брзо пристапување на Украина во ЕУ
