Никој не ја испрати и не и одаде почит - Срам на погребот на Уснија Реџепова
Легендарната пејачка на народната музика Уснија Реџепова е погребана на гробиштата во Бутел во нејзиниот родно место, Скопје. На последното скромно и тивко опростување, дојдоа само нејзините најблиски нејзиниот брат Решко, снаата Емира, роднини од Скопје, пејачката Есма Реџепова и Васка Јанковска…
На последното испраќање Уснија не се појавија нејзините колеги од Македонија, немаше последно збогување, ниту еден единствензбор и реченица како последен позрав. Од официјалните лица на погребот стигна само Неџад Мустафа, министерот без ресор во Владата на Македонија од редовите на Ромската партија.
По простувањето на роднините, пријателите и другарите од детството, покрај ковчегот пред капелата, каде пред поминувањето на поворката се слушна аплауз.
Уснија е погребана во муслиманскиот дел од скопските гробишта на Бутел, на парцелата каде почиваат нејзините најблиски. Тоа и беше нејзината последна желба, „иако толку беше врзана за Белград од каде едноставно е испратена во Скопје“.
Испратена е скромно, тивко со верски обред, последна молитва и проштално писмо на имамот Ало Берата из Амди-пашина џамијата од ромската населба Шуто Оризари во Скопје.
„Ни остави Уснија аманет да ја памтиме по песните, убавината, радоста, без солзи, чинејќи само добро, мада толку многу прогуравме во животот се до нејзините последни денови и тешко патење“, тивко проговори нејзиниот брат Решко.
„Сите сме тажни и сочувствуваме со нејзините роднини, најблиски, но ќе ни остане нејзината песна, неповторлива харизма, незаборавен лик, ведрина, стас и грас на прекрасна жена и добар човек, голема хуманистка, каква што повеќе нема да се роди“, истакна Васка Јанковска која ширум светот ја пренесе ромската песна со орекстарот на Горан Бреговиќ.
Колку траг остави во културата, песната и хуманитарниот ангажман тешко е да се опише. Заслужи како што рекла, да на последното испраќање еден цвет да биде поклонет од официјално лице од ресорот култура.
Ново на Сител
-
Апсења во случај на корупција во кој е вклучена агенција на НАТО
-
Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени
-
Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната
-
Пратениците донесоа повеќе закони, долга дискусија по измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците
-
Приведен 33 годишник од Битола, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и воздушна пушка
-
Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС
-
Почна протестот на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајка на „Партизанска“
-
Обвинителството бара замена на мерката „притвор“ со „куќен притвор“ за поранешен министер за економија и државен секретар за трагедијата во Кочани