Нигериската армија ослободи 180 затвореници
Нигериската армија ослободи 180 луѓе кои со месеци биле затворени под сомнение дека се поврзани со бунтовничката исламистичка група Боко харам.
Меѓу ослободените има и мајки со бебиња и деца.
Осомничените беа предадени во градот Мајдугуру на гувернерот на нигериската сојузна држава Борно, Кашим Шетима, кој ќе ги врати на семејствата. Началникот на армијата генерал-полковник Кенет Минима изјави дека истрагата покажала дека ослободените не извршиле криминално дело.
Некои од ослободените жени изјавиле дека се вдовици, а други тврделе дека се затворени поради нивните браќа, кои се осомничени дека се членови на Боко харам.
Владата на претседателот Мухамаду Бухари изјави дека го испитува извештајот на „Амнести интернешнл“ во кој се наведува дека нигериската армија е одговорна за смртта на околу 8.000 приведени, некои биле убиени, а други умреле од глад и задушување.
Ново на Сител
-
Одложено денешното судско рочиште за предметот „Адитив“
-
МЗ: Во текот на ноќта извршени 13 интервенции од Итна помош во Трубарево, лице транспортирано на Клиниката за токсикологија
-
Возачите на „Шкода“ најмногу пцујат, меѓу британските возачи
-
Мираковски: За една недела треба да ги имаме првичните резултати од мерењата за загаденоста на воздухот во скопско Трубарево
-
18-годишник повреден од огнено оружје донесен во Ургентен центар на Клинички
-
Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, значително подобрена и состојбата во Дрисла
-
Мотоциклист од Гевгелија им подлегнал на повредите по излетување од патот
-
Кошта: За ефикасна европска одбрана потребно е заедничко финансирање