Независниот синдикат на професионални возачи на транспорт на протест пред Владата
– Претставници на Независниот синдикат на професионални возачи на транспорт денеска пред Владата со симболичен протест го изразија своето незадоволство и побараа од Владата во најкус рок да бидат повикани на средба на која ќе се разговара за проблемите со кои се соочуваат со цел да се изнајде прифатливо решение.
– Ова е децениски проблем со кој се соочуваме. Најпрво, со огромните колони и застои на граничните премини. Минималната колона е 10 километри секојдневно, на сите гранични премини Табановце, Блаце, Богородица и останатите премини. Проблем е што сите гранични премини работат со застарен систем од 80-тите години и секојдневно е во дефект. Системот на вагите е исто така застарен, секојдневно се расипува и се создаваат огромни колони. Само една коловозна лента е за транспортни возила, образложи претседателот на синдикатот Марјан Стефковски.

Според него, на секој граничен премин треба да има минимум две ленти и едната да биде за движење на празните возила и за транспортните возила кои поминуваат транзит низ државата, а кои немаат потреба да поминуваат на сите терминали на граничните премини.
На новинарско прашање дали се чувствуваат ефектите од Отворен Балкан, Стевковски со став дека како транспортни фирми не виделе резултат од оваа иницијатива.
– Како професионални возачи, не сме виделе резултат од Отворен Балкан. Сепак, сè уште постои основната работа – документации околу царината и ред други работи кои се вршат на граничните премини, а кои, како Отворен Балкан не треба да се случуваат. Штом е Отворен Балкан, штом робата е по потекло од државите коишто имаат случено соработка, тогаш не треба да има застој на царина, рече Стефковски.
Ново на Сител
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
-

Облачно со повремен локален дожд
-

Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати
