Балкан
19. July 2021 - 18:54

Невреме со обилни дождови ја погоди Босна и Херцеговина - Поплавени се сообраќајници | ВИДЕО

Силно невреме вчера во попладневните часови го зафати поголемиот дел на Босна и Херцеговина, а поедини сообраќајници во Сараево, особено подвозницие, биле потопени.

Невремето проследено со обилни доѓдови и ветер им создало проблеми на возачите, пренесува порталот Кликс.

Според податоците на метеоролозите, врнежи во БиХ се очекуваат и овие денови.

За целата земја е издаден жолт метеоларм.