Македонија
18. January 2018 - 11:02

Невиден грабеж на патот Кавадарци - Росоман, под закана со нож и шрафцигер ограбен Србин

Вчера во 17.00 часот во Полициската станица Кавадарци В.Ѕ.Т. (24) од Република Србија пријавил дека истиот ден околу 12.30 часот две непознати маскирани лица извршиле разбојништво врз него.
 
Тој застанал со своето возило на патот Кавадарци - Росоман и кога излегол од возилото му се доближиле лицата и со закана со нож и шрафцигер од торбата му одзеле 415 евра и 2.500 денари.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.