Неверојатна трансформација: Бев војник од 110 кила, сега сум секс бомба!

Поранешниот американски маринец кој бил тежок 108 килорами и возел „машки“ автомобил, откри како го променил полот и станал жена откако признал дека цел живот бегал од својот вистински идентитет.
Сона Аведиан (33) вели ги ја потиснувала својата вистинска личност и одела на боиштата во Ирак и Авганистан.
Госпоѓа Аведиан некогаш се викала Метју и била во брак во кој има едно дете, а пред три година станала свесна која е всушност и почнала да работи на својата трансформација.

Изгубила речиси 45 килограми од телесната тежина, се избричила и ласерски ги извадила влакната од лицето, ставила силикони во градите и станала речиси непрепознатлива. И покрај тоа што го живеела „американскиот сон“ - имала добро платена работа, поседувала спортски автомобил, пикап камион, била во брак и имала неодоливо дете - Сона вели дека нејзиниот живот бил „депресивен“ и не можел да ја пополни празнината на нејзината желба да биде жена.
Гледајќи наназад, таа вели дека нејзините патувања во Ирак и Авганистан како маринец, како и престојот во Јапонија, биле само начин за скривање на нејзиот проблематичен идентитет во Детроит, Мичиген.

Одлучила во 2012 година да им каже на блиските од семејството и пријателите дека ќе оди на операција и дека ќе стане жена. Сега живее во Остин, Тексас и вели дека и недостасуваат одредени работи и дека стекнала многу пријатели иако дел од старите ги изгубила.
Истакнува дека е среќна и дека моментално е сама и работи како возач за неколку фирми во Остин.

Погледнете како изгледа сега:
И како течеше нејзината трансформација:
Ново на Сител
-

Камион со железни профили криел 79 килограми марихуана – разбиена меѓународна криминална група на Дојран
-

Радев: Два брода погодени со дронови во Црното Море, еден потона – екипажот исчезнат
-

Судијата Кацарска на меѓународна конференција во Црна Гора за европската интеграција, владеење на правото и ВИ во судството
-

МВР со засилени контроли: Ќе се казнува користење мобилен телефон додека се вози
-

МЗ: Се очекува вакцините против грип да бидат обезбедени во текот на месецов
-

Во септември во Скопје заловени 172 кучиња од улица, 124 кастрирани и стерилизирани
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на Здружението „Јас Сум Жена“
-

Македонија, Србија, Грција и Бугарија ги интензивираат регионалните енергетски врски и новите коридори за снабдување
