Свет
14. July 2024 - 16:42

Неуспешен обид за атентат врз Трамп

Неуспешен обид за атентат на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Пенсилванија. 20-годишник неколку пати истрела со пушка кон него, но за среќа го погодил само во десното уво.

Веднаш беше пренесен во болница со огромен конвој од Тајната служба.

Локалните медиуми јавуваат дека во него пукаше 20-годишник, регистриран републиканец кој во 21 година донирал 15 долари за движење кое ги поддржува демократите. Момчето живеело на 55 километри од местото каде се обиде да го убие Трамп.

Лежел на кров од зграда, надвор од безбедносниот периметар на Тајната служба. По истрелите убиен е од страна на снајперисти од безбедносните служби.

Сведок кој присуствувал на митингот на Трамп за Би-Би-Си тврди дека ги предупредил безбедносните служби за вооруженото момче, но полицијата не била свесна што се случува.

„Забележавме вооружено момче кое ползеше на кровот на зградата до нас, на 15 метри од нас. Стоевме и покажувавме кон него кој се движеше на кровот.“

-Имаше оружје, така?

-Имаше пушка. Јасно се гледаше дека има пушка. Покажувавме кон него, полицијата беше долу и се шеташе. Им кажавме: „На кровот има момче со пушка“, а тие без збунети и не знаеја што се случува. Ние им кажавме. „Тука на кровот, можеме да го видиме, ползи.“. Следно си помислив, зошто Трамп се уште зборува на говорница? Зошто не го повлечат од сцената? Стојам тука и покажувам кон него некои 2-3 минути. Тајната служба гледаше кон нас од кровот на амбарот. Покажувам кон него, стоејќи вака. Следно што знам е дека истрела пет истрели.

-Дали сте сигурни дека истрелите дојдоа од кровот?

-100%“, вели сведокот.

По пукотниците настана тотален хаос меѓу присутните.

Сведоци велат дека Тајната полиција најпрво наредила сите да легнат на земја, а потоа и да го напуштат теренот.

Локалната полиција информираше дека во инцидентот имало и три колатерални жртви.

-Можам да потврдувам дека една личност е убиена. Слушнав од некого дека има две жртви. Имаше три, освен поранешниот претседател. Значи, двајца критично повредени и еден убиен, вели... Џорџ Бивенс, Комесар на полицијата во Пенсилванија.

Се огласи и Трамп преку неговата социјална мрежа, Трутх Соушл. Вели дека само Бог спречил да се случи незамисливото.

:-Ние нема да се плашиме, туку наместо тоа, ќе останеме издржливи во нашата вера и пркосни пред лицето на Злото. Нашата љубов е кон другите жртви и нивните семејства. Се молиме за оздравување на ранетите и во нашите срца го чуваме споменот на граѓанинот кој беше толку страшно убиен. Во овој момент, поважно е од кога и да е да застанеме обединети и да го покажеме нашиот вистински карактер како Американци, да останеме силни и решителни и да не дозволиме злото да победи. Навистина ја сакам нашата земја и Ве сакам сите вас и со нетрпение очекувам да разговарам со нашата Голема нација оваа недела од Висконсин, напиша Трамп.

Актуелниот претседател и најверојатен противкандидат на Трамп вели дека ова што се случи во Пенсилванија е незамисливо за Соединетите Американски Држави.

Осуда за неуспешнот обид за атентат врз Трамп пристигнаа од поранешни американски претседатели, лидери на држави и видни политичари од целиот свет.

Изборите за нов претседател на САД ќе се одржат во ноември годинава.