Македонија
31. October 2020 - 19:07

Неофицијално нов цpн рекорд: 1085 новозаболени од КОВИД во Македонија

Неофицијално дознавеме денешниот број на заболени е 1085. Нов цpн рекорд: 1085 новозаболени од ковид во Македонија, објавува Булевар.

Октомври има 13 623 од кои скоро 240 почината лица само за овој месец.

Еве ги вчерашните бројки:

Во последните 24 часа регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во државата, а се направени 2748 тестирања.

По градови во: Скопје 420, Велес 82, Прилеп 61, Тетово 58 , Куманово 35, Битола 33, Струмица 30, Охрид 23 , Штип 20, Крива Паланка 4, Свети Николе 13,  Пробиштип 8 и др.

Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје (58, 68 и 75) и двајца од Прилеп (73 и 78). Сите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 454 оздравени пациенти од: Скопје 273, Куманово 15…

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 30488, бројката на оздравени пациенти е 20448, на починати е 982, а бројот на активни случаи изнесува 9058.

Во Куманово досега вкупно се заболени  2.244 лица, активни се 379,  а починати 88.