Живот
25. December 2018 - 12:31

Нема шанса да ја пронајдете: Го крена Твитер на нозе, сите ја бараат нејзината мачка скриена во новогодишната елка

Али Мекдоналд сподели фотографија од својата накитена елка, но не за да се пофали колку е креативна туку за да ја покаже својата мачка која се пикнала и скрила меѓу украсите и густите гранки.

Таа реши и на другите да им го пружи тоа задоволство - па фотографијата јавно ја објави.

„Ок луѓе, ајде да играме една игра: Секое утро нашата мачка се скрива во друг дел од нашата елка. Пронајдете ја“, напиша оваа твитерџика.

Интересно е што Али неколку пати ја сподели фотографијата од елката на која мачката се скрила на различни места, па ви нудиме уште една - овој пат потешка: