-->
-->
Нема лабаво: Меган Маркл го стави принцот Хари на диета
-->
Вообичаено е пред свадбата, невестата да се стави на посебен режим на исхрана. Сепак, во случајот со Меган Маркл и принцот Хари, работите стојат малку поинаку.
Имајќи предвид дека нивната свадба ќе ја пренесуваат медиуми од цел свет, принцот, согласно препораките на свршеницата, уплатил месечен тренинг од 575 фунти во ексклузивен центар за вежбање. Тоа, заедно со диетата, исто така препорачана од Маркл, донесе доста видливи резултати.
- Тие купија соковник, од најквалитетните брендови, и таа сега го храни со зеленчуково-овошни мешани сокови. Не му дозволува месо, изјави за „Дејли Меил“ извор близок до двојката, кој претпочита да остане анонимен.
Така, принцот Хари месечно губи по околу три килограми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
114 сообраќајни санкции во Скопје
-
Околу 15 илјади кандидати полагаат мајчин јазик – Првиот испит од државната матура
-
Без струја дел од улицата од Центар
-
Финале на ЛШ: Рекорден триумф на Реал или последен победнички танц на Ројс со Борусија?
-
Хамас соопшти дека го одобрува планот на Бајден за мир во Газа, Израел испрати преговарачи
-
Трамп: Судењето беше многу нефер
-
Голем руски ракетен напад врз Украина
-
Состојба на патиштата