Свет
7. March 2024 - 13:06

Неколкумина мртви во експлозија во рафинерија за нафта на југот на Иран

Неколку лица загинаа и непознат број се повредени во денешната експлозија во иранската рафинерија за нафта Бандар Абас во провинцијата Хормозган.

Причината за експлозијата се уште не е позната, пренесува Анадолија.

Според иранската официјална новинска агенција ИРНА се посочува дека експлозијата предизвикала пожар, што резултирало со засега непознат број на загинати и повредени лица.

Иранските власти се уште не издале изјава за инцидентот.