Живот
10. January 2018 - 13:17

Не му се одело на работа: Се избодел со нож па повикал полиција, се шокирале кога го откриле ова

Масару Маура (54) од Јапонија неодамна е уапсен откако признал дека си забодел нож во колкот за да избегне одење на работа. Тој во полиција тврдел дека непознато лице го нападнало со нож.

Очајниот маж толку сакал да го избегне одењето на работа, па на станицата на подземната железница се избодел со кујнски нож.

Повикал полицијата и тврдел дека бил нападнат од целосен странец кој го ранил додека се обидувал да се одбрани.

Кога дошла полицијата, го пронашле Масару како се обидува да го запре крварењето.

Полицијата мажот го испрашала и пронашла дупки во неговото сведочење.

Наскоро на полицајците им станало јасно дека Масару лаже. На крајот им признал дека му било многу тешко и стресно на работа и дека пронашол нож во близина на станицата и одлучил да се рани за да не мора да оди на работа.