Живот
1. September 2015 - 18:28

Не можел повеќе да се воздржи па во судница го нападнал убиецот на...

Двајн Смит го видел убиецот на неговата тригодишна ќерка, Клифорд Тома па направил инцидент во судницата во Детроит
 
 
Имено, девојчето починало како последица на внатрешно крварење во главата и желудникот, а обвинителството во текот на судењето изнело податок дека имала преку 50 повреди.
 
Смит го удрил Томас со тупаница во глава, па потоа е изведен од просторијата, за да не дојде до поголем инцидент.
 
Ќерката на Смит, Џамила починала во болница во септември минатата година.
 
Докторите откриле дека нејзината мајка и поранешна сопруга на Смит, Џесмин Гордон, односно нејзиното момче не ја говорат вистината за повредите и смртта на девојчето.
 
Тие двајца на докторите им рекле дека девојчето ја удрила главата во ѕид, меѓутоа набрзо е откриено дека детето е физички злоставувано.
 
Џесмин е осудена на затворска казна од седум до петнаесет години, поради убиство од небрежност, односно на 14 до 25 години поради злоставување од прв степен.
 
Томас е осуден на шест до петнаесет години затвор поради убиство од небрежност, односно на година до две поради спротивставување при апсење.