НБРМ ги ункинува заштитните мерки поради должничката криза во Грција
Народната банка на Република Македонија од утре ги укинува заштитните мерки поради должничката криза во Грција што беа вовоедени во јуни годинава заради заштита од опасноста од нарушување на рамнотежата во билансот на плаќања или на стабилноста на финансискиот систем на земјава, како последица на евентуалните позначителни одливи на капитал од Македонија кон Грција.
- Заштитните мерки ја постигнаа целта заради која беа воведени, односно оневозможија поголеми капитални одливи од Република Македонија, не нарушувајќи го притоа деловното работење на домашните компании со грчки субјекти. Рамнотежата во билансот на плаќања и стабилноста на домашниот банкарски систем беа одржани, соопшти НБРМ.
Заштитните мерки, се нагласува во соопштението, беа со привремен карактер, за период од најмногу шест месеци, а постоеше можност за продолжување на нивната примена. - Но, веќе одреден период, состојбата во Грција се стабилизира, кредиторите продолжија со финансиското поддржување на Грција, којашто, пак, се обврза да применува економски и социјални реформи, како и мерки за штедење. Поради тоа, со истекот на шестмесечната важност на заштитните мерки на 28 декември 2015 година, односно почнувајќи од 29 декември 2015 година, оваа одлука веќе не е во примена, се нагласува во соопштението од НБРМ.
На 28 јуни 2015 година, започна да се применува Одлуката за воведување посебни заштитни мерки, која беше донесена од страна на Советот на Народната банка поради должничката криза во Грција во тој период. Мерките се донесоа заради заштита од опасноста од нарушување на рамнотежата во билансот на плаќања или на стабилноста на финансискиот систем на Република Македонија, како последица на евентуалните позначителни одливи на капитал од Република Македонија кон Грција.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Татјана Димитровска, претседателка на ДКСК
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Гаши ја свика првата координација
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Деспотовски: Тој што ќе изгуби на изборите во СДСМ, да не прифаќа партиски функции
-
Мицотакис: Прашањето за Преспанскиот договор ќе го отворам на Самитот на НАТО
-
Матурантите кои препишуваа на испитот по мајчин јазик ќе полагаат пак во август
-
Детектор: Младинскиот активизам на незадоволително ниво