-->
-->
НБА: Пред две години го „трејдуваа“ сега го вратија
-->
Тим Хардавеј Џуниор се врати во тимот на Њујорк Никс. Тој со оваа франшиза ќе потпише четиригодишен договор.
Њујорк пред две години го „трејдуваше“ Хардавеј во Атланта во замена за тогаш дебитантот Џериан Грант. Првата сезона во Атланта му беше лоша, но измината го покажа својот талент.
Поради тоа Њујорк реши да го врати во тимот и му понуди 71 милион долари за четири години.
Изминатата ноќ во НБА лигата се случија уште неколку трансфери.
Ветеранот Винс Картер наредната сезона ќе игра во Сакраменто. Картер со овој тим потпиша едногодишен договор за осум милиони долари.
Мајами потпиша четиргодишни договори со двајца играчи, Кели Олиник и Џејмс Џонсон. Олиник дојде од Бостон и тој за четири сезони ќе инкасира 50 милиони долари, додека Џонсон ќе добие од Мајами 60 милиони долари.
Одлична работа заврши Сан Антонио, кој потпиша двегодишен договор со бекот шутер Руди Геј. Сан Антонио за две години на Геј ќе му исплати 17 милиони долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени