Кошарка
27. April 2016 - 9:10

НБА плеј оф: Торонто и Атланта поведоа со 3-2

Екипите на Торонто и на Атланта остварија победи во натпреварот број 5 и поведоа со 3-2. Торонто во неизвесна завршница го совлада тимот на Индијана со 102:99. Демар Дерозан со 34 поени беше најефикасен кај Торонто, додека Пол Џорџ од Индијана постигна 39 поени.

Атланта пак го победи Бостон со убедливи 110:83.
Вечерва се играат три натпревари:
Мајами - Шарлот (2-2 во победи),
ЛА Клиперс - Портланд (2-2),
Голден Стејт - Хјустон (3-1).