Кошарка
16. May 2017 - 8:59

НБА плеј оф: Финале на Исток за Бостон

Кошаркарите на Бостон се пласираа во финалето на „Исток“ откако ноќеска во мајсторката на домашен терен го победија Вашингтон со 115:105 за 4-3 во добиени натпревари. Решавачката предност домашниот тим ја направи во финишот на третиот период кога по водството на Вашингтон од 72:67 имаше серија од 18-7 за четвртината да ја заврши со водство од 85:79, кое успеа да го сочува до крајот на дуелот.
Најефикасен кај победникот беше Ајзеа Томас со 29 поени, но од голема важност беа кошевите на Кели Олиник, кој 14 од своите 26 поени ги постигна во последната четвртина. Во редовите на Вашингтон и на натпреварот најмногу поени постигна Бредли Бил – 38.
Финалната серија на „Исток“ меѓу Бостон и првакот Кливленд почнува во среда навечер, а првиот дуел се игра на теренот на Бостон.
Во финалето на „Запад“ вечерва се игра натпреварот број 2, а водство од 1-0 има Голден Стејт против Сан Антонио.