-->
-->
НБА лига: Сигурни победи на фаворитите за највисок пласман
-->
Трите главни фаворити за шампионскиот трофеј во НБА лигата, остварија победи на натпревараите кои се одиграа ноќеска.
Тандемот Кајри Ирвинг со 25 и Леброн Џејмс кој постигна 21 поен му ја донесоа на шампионот Кливленд десетата победа и тоа совладувајќи го Детроит со 104-81.
Тимот на Голден Стејт славеше победа на гостувањето кај Бостон со 88-104. Во победничкиот тим Клеј Томсон оствари 28 поени, додека Кевин Дурант беше стрелац на 23 коша, а имаше и 10 скокови, додека Стив Кари средбата ја заврши со 16 поени.
Екипата на Оклахома Сити предводена од Расел Весбрук кој оствари дабл-дабл учинок од 30 поени и 11 скокови славеше убедлива победа над Бруклин со 124-105.
На останатите средби беа постигнати овие резултати: Шарлот - Атланта 100-96, Индијана - Феникс 96-116, Њу Орлеанс - Портланд 113-101, Далас – Мемфис 64-80, Денвер – Торонто 111-113 (по продолжение), ЛА Лејкерс - Сан Антонио 107-16 и Сакраменто - ЛА Клиперс 115-121.
Табела – Источна конференција: Кливленд 10-2 (победи-порази), Атланта 9-3, Шарлот 8-3, Торонто 8-4, Чикаго 8-4, ...
Табела – Западна конференција: ЛА Клиперс 11-2 (победи-порази), Голден Стејт 10-2, Сан Антонио 10-3, Оклахома 8-5, Мемфис 7-5, Хјустон 7-5, ЛА Лејкерс 7-6,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Божиновска: Завршува ерата на неточни броила, опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните
-
Бејрут: Десетици илјади луѓе на погребот на убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала
-
Загадувањето на воздухот во Холандија ја надминува дозволената граница на СЗО
-
Oд средината на март од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час
-
Две лица повредени во сообраќајка во Скопје
-
Приведени три млади лица и еден малолетник - одземени марихуана и боксирач
-
Пронајден гостиварец баран по потерница
-
На депонија во село во Новаци пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна