НБА: Џејсон Кид нов тренер на Далас
Членот на кошаркарската Куќа на славните, Џејсон Кид е нов тренер на НБА тимот на Далас, јавија денеска американските медиуми.
Поранешниот легендарен кошаркар доаѓа на местото на Рик Карлајл, кој минатата недела поднесе оставка на тренерската должност по 13 сезони минати на клупата на Далас, а вчера беше назначен за нов тренер на Индијана.
Четириестиосумгодишниот Кид мина дел од својата кариера во Далас, кој го избра како втор пик на драфтот во 1994 година, а потоа го размени во 1998 година. Во Далас се врати во 2008 година и му помогна на тимот да ја освои шампионската титула во 2011.
Кид, кој ја заврши кариерата во сезоната 2012/13, е втор кошаркар на вечната листа во НБА лигата според бројот на асистенции (12.091) и „украдени“ топки (2.684). Десет пати беше дел од Ол-стар тимот.
Ново на Сител
-
Јавниот градски автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Премиерот Мицкоски во посета на РЕК „Битола“
-
Аргентинскиот претседател Милеи нападнат со камења на предизборен митинг
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111