Навални одбил да излезе на распит откако му биле одземени сите средства за пишување
Затворениот руски опозициски активист Алексеј Навални не учествувал на рочиштето на кое повторно му се суди во знак на протест поради тоа што затворските власти му ги одзеле сите средства за пишување, соопштија неговите соборци.
Навални, кој во Русија веќе е осуден на 19-годишна затворска казна, требаше преку видео врска да присуствува на денешното судско рочиште, што е само едно од многуте против него додека се уште се наоѓа во притвор.
Според неговиот соборец Иван Жданов, бидејќи Навални одбил да ја напушти ќелијата, „оперативците на обезбедувањето со шлемови го одвлекле кај истражителите затоа што се очекувало „денеска да има некаква истражна постапка“.
Жданов не кажа кога Навални бил вратен во ќелијата и зошто му била одземена опремата за пишување.
Рускиот независен информативен портал „Медиазона“ објави дека по одбивањето на Навални рочиштето било одложено за 2 ноември.
Навални е најголемиот противник на рускиот претседател Владимир Путин и се бореше против корупцијата на функционерите, а беше и организатор на големи демонстрации против владата во Кремљ.
Беше уапсен во 2021 година откако се врати од Германија во Москва, каде што беше спасен од труење со нервен агенс, за што Навални го обвини Кремљ.
Оттогаш, тој е осуден на три затворски казни и со месеци е под постојан притисок и со месеци минати во самица за помали прекршувања на затворските прописи.
Навални се наоѓа во специјалната „Казнена единица број 6“ во Владимирската област, источно од Москва, а се очекува да биде одведен во „Казнена единица со специјална безбедност“ со најстрог режим.
Ново на Сител
-

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за лицемерие
-

Синер без загубен сет го совлада Ѓоковиќ за финале на Вимблдон
-

Трамп: Иран бара продолжување на преговорите, ние се согласивме, но предупредуваме дека прекинот на огнот е завршен
-

СП 2026: Една жртва во прославата по пласманот на Франција во полуфиналето
-

Проширена истрагата за ботоксите, осомничени уште четири лица
-

Мицкоски: Владата подготвува мерки за поддршка на млекопроизводителите, ќе се заострат критериумите за увоз на млеко во прав
-

Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“
-

Авион на „Рајанер“ принудно се врати во Солун поради дефект на моторот додека летал над Македонија
