Научниците откриваат: И дрвјата спијат

Идејата дека дабот или смреката навечер дремат или одат на спиење делува необично, но научниците успеале да детектираат физички промени на дрвјата, кои на некој начин, одговараат на процесот на спиење кај луѓето и животните или на нашиот дневен и ноќен биоритам, пишува „Дискавери Њуз“.
Научници од Австрија, Финска и Унгарија користеле ласерски скенери за анализирање на две стебла и проучувале милион различни точки преку нивните површини. Тие дојдоа до заклучок дека дрвјата всушност се движат во текот на ноќта, а овој феномен научниците уште од времето на Чарлс Дикенс го забележале кај помалите растенија.
- Нашите резултати покажуваат дека цело дрво се спушта во текот на ноќта, што може да се заклучи според промена на положбата на листовите и гранките, изјави научникот од Институтот за геопросторно истражување во Финска, Ету Путонен.
- Промените не се големи, туку само десет сантиметри за дрво високо пет метри, но беа систематични толку што инструментите успеаа да ги забележат, додаде Путонен.
Бидејќи времето и локацијата не биле пресудни за истражувањето, научниците проучувале едно дрво во Финска, а друго во Австрија, под мирни временски услови без ветер. Листовите и гранките постепено се спуштале, а најниската позиција се остварила неколку часа пред излегувањето на сонцето.
Наутро, дрвото во рок од неколку часа повторно ја доби неговата првобитна висина и формација.
Научникот од унгарскиот Центар за еколошки истражувања, Андраш Жлински објасни дека спуштањето на гранките веројатно е предизвикано со опаѓањето на притисок на водата внатре во клетките на дрвото, односно тургоровиот притисок.
- Тоа значи дека гранките и листовите на стебленцата помалку се крути, а повеќе склони на оштетување под сопствената тежина, рече Жлински за британското списание New Scientist. Научниците сметаат дека не е невозможно дрвјата да ги одмораат своите гранки во текот на ноќта, затоа што нивното кревање во текот на денот овозможува подобра позиција за фаќање на сончевата светлина, а во текот на ноќта нема светло, па со самото тоа нема потреба да ја губат енергијата во подигната положба.
Ново на Сител
-

Инцидент во Аеродром: Пресметка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички, еден повреден
-

САД ја предупреди Москва за голем терористички напад - затворен познат музејски комплекс
-

Почина легендарниот пејач Мишо Ковач
-

Ѓорѓиевски: Бесплатен разглед на Матка и Врело - светот слушна за нашето богатство, време е сите да го доживееме
-

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
-

Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
-

Куче без надзор и маска каснало жена во Кратово, сопственичката доби кривична пријава
-

Тројца вооружени разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
