НАТО започна со вежби со нуклеарно оружје во Европа
НАТО ги започна своите годишни воени вежби со нуклеарно оружје, потврди денеска за ДПА портпаролот на западната одбранбена Алијанса До 60 авиони ќе бидат вклучени во вежбата „Steadfast Noon“, која ќе трае до четврток следната недела.
Тие вклучуваат модерни борбени авиони, но и авиони за надзор и танкер, како и бомбардери Б-52 со долг дострел.
Оваа година маневрите се одвиваат главно во воздушниот простор над Италија, Хрватска и Медитеранот. Учествуваат вкупно 13 членки на Алијансата.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг минатата недела изјави дека руската војна против Украина е потсетник за важната улога на нуклеарното оружје за одвраќање.
Иако се работи за рутинска вежба за обука, маневрите ќе помогнат да се обезбеди кредибилитет, ефективност и безбедност на нуклеарното одвраќање, рече тој.
НАТО не објави никакви детали за вежбата и сценариото што го вклучува. ссм/фото: НАТО архива .
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова ги прифати оставките на Комисијата за помилување
-
Бајден се надева дека последните израелски напади врз Иран ќе бидат „крај“ на директната размена на оган меѓу двете земји
-
Колективна оставка на Комисијата за помилување
-
Најмалку 81 лице го загуби животот во бурата „Трами“ на Филипините
-
Момче пријавило напад и повреда со остар предмет во Карпош, приведен малолетник
-
Пронајдена дрога во Битола, приведени две лица
-
Направени се вонредни инспекциски надзори на неколку универзитети
-
Приведен криумчар на мигранти во близина на селото Богородица