НАТО: Столтенберг не планира скорешна посета на Скопје, а вратите за членство ви се отворени
Поради се позачестените шпекулации за некакво брзо членство на Република Македонија во НАТО, денеска од Северноатлантската алијанса излегоа со став дека вратата за македонската држава останува отворена, но според заклучокот од Самитот во Букурешт во 2008 година, што значи прво решение на проблемот што НАТО-членката Грција го има со Македонија, па дури потоа покана за членство.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, официјален претставник на Алијансата за МИА денеска одговори и за можна посета на генералниот секретар Јенс Столтенберг на Македонија, негирајќи ја таквата можност во скорешна иднина, но потврдувајќи дека в понеделник доаѓа македонскиот премиер Зоран Заев во посета на седиштето на НАТО во Брисел.
- Генералниот секретар Јенс Столтенберг нема итни планови за посета на БЈР Македонија, но тој се радува на посетата на премиерот Зоран Заев на Брисел во понеделник на 12 јуни. Ние ќе ги поддржиме напорите за решавање на итно потребните реформи, вклучително и за доброто владеење и владеење на правото. Реформите ќе ја направат земјата посилна и подемократска. Нашата врата останува отворена и нашата одлука од Самитот во Букурешт стои, а беше повторена и на Самитот во Варшава во јули 2016 година, вели високиот официјален претставник на Алијансата за МИА, инсистирајќи на анонимност.
Овој став од најголемата воено-политичка организација на светот значи дека шпекулациите дека е можно членство во НАТО на Македонија со привремената референца „поранешна југословенска Република Македонија“, како што беше побарано и во 2008 година, дефинитивно не е опција, со оглед на тоа што во заклучокот од Самитот во Букурешт пред девет години, стои дека поканата за полнопранво членство до нашата држава ќе биде испратена „откако ќе се надминат разликите за името со Грција“.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи