Македонија
24. August 2024 - 16:29

Наследени долгови во Државни патишта

Новиот директор на ЈП државни патишта успеал да ја стабилизира финансиската состојба на претпријатието. Откако го затекнал претпријатието во милионски долгови, по два месеци успеале да се приближат до финансиска стабилност.

Како еден од најголемите проблеми кој успеале да го санираат било неисплаќањето на фактури на повеќе институции.

Во соработка со Министерството за транспорт најавуваат решавање на проектите кои биле заглавени со години во двете институции.