„Насилство пред Општина Центар“ продолжува на 24 септември со завршни зборови на обвинителството

Судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година продолжува на 24 септември со завршни зборови на обвинителството, откако на домашното рочиште заврши доказната постапка.
Судот на денешното рочиште ги отфрли како неосновани барањата на одбраната на судењето да бидат сослушани како сведоци повеќе лица, меѓу кои и Ивица Коневски, Кирил Божиновски и владиката Агатангел.
Судијата Душко Јосифовски рече дека барањата за дел од материјалните докази се прифатливи, додека денеска изнесените барањата за сведоци се отфрлаат како неосновани, бидејќи не се однесуваат на нови околности.
На денешното рочиште одбраната изведе дополнителни материјани докази, кои судот прифати да бидат изведени во дополнителна постапка.
Одбраната на Миле Јанакиески, на почетокот на денешното рочиште за побара од судот во дополнителна доказна постапка да бидат сослушани Ивица Коневски и Кирил Божиновски, како и да бидат презентирани сите прислушувани разговори, доколку постојат такви, меѓу нивниот клиент и лицето Томислав Лазаров.
Обвинителот Бубевски, во однос на предлозите на одбраната рече дека дополнителните материјалните докази, кои се документи и записници, се прифатливи.
– По однос на останатите докази сметам дека од веќе изнесените докази се искристализира дејството на овој криволно правен настан и нема потреба да бидат прифатени. Во однос на вербалните докази, сите кои беа веќе предложени беа повикани. Дел беа сослушано, а дел не дојдоа и сметам дека нема потреба од дополнително оптоварување на постапката, изјави Бубевски.
Миле Јанакиески, пред судот, рече дека како одбрана предложиле 15 сведоци и досега не е сослушан ниту еден, и побара за разбирање од судот и да му бидат прифатени барем 2-3 сведоци.
Обвинетиот Александар Трајковаки, побара од Судот да биде сослушан владиката Агатангел.
Сослушување на владиката Агатангел, побара и адвокатот по службена должност на Никола Груевски.
Во „Насилство во Општина Центар” обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранечната советничка од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и осум други лица.
Ново на Сител
-

Централен одбор на ДУИ: Избрани нови претседатели на локални ограноци, Арта Биљали Зендели нов портпарол
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
