„Нашиот клас“ - претстава за расизмот и предрасудите во светот

Театарската претстава „Нашиот клас“ од Тадеуш Слобоѓањек, во режија на Ханан Снир, а во изведба на театарот „Камери“ и националниот театар „Хабима“ од Тел Авив вечер ќе биде изведена во предворјето на црквата „Света Софија“ во рамки на 55. „Охридско лето“.
Претставата е приказна за еден клас од селото Једвабне во Источна Полска, каде половина од населението биле Евреи, а половина Полјаци.
Режисерот Ханан Снир денеска на прес-конференција појасни дека не е се однесува само на Евреите, на холокаустот и на тоа што им се случило, туку се однесува на расизмот, предрасудите во целиот свет и за тоа како некој може да му прави лоши работи на соседот.
- Тие луѓе живееле со векови заедно. Биле добри соседи, но за време на окупацијата на Германците, Полјаците ја искористиле можноста што биле под германска заштита и 1.600 Евреи ги ставиле во штала и ги запалиле. Претставата не е воопшто тешка и комплицирана за гледање. Почнува со деца во училиште на 6-годишна возраст. Сите карактери продолжуваат да се развиваат до 80 години. Претставата е поделена на 14 часови. Има доста танцување, пеење, детски игри и интересна е загледање, рече Снир.
Актерката Нета Гарти која ја игра улогата на Дора, претставена од шестата до 21-та година, рече дека претставата е многу интересна и модерна.
- Дора била брутално силувана и убиена од тројца другари од класот, односно запалена држејќи го своето бебе во рацете. Претставата е многу интереснна, затоа што е базирана на документарна приказна, но е и доста модерна, откри Гарти.
Генералниот директор на театарот „Камери“ Ноам Семел истакна дека ова е прв настап на израелскиот театар на хебрејски јазик во Македонија.
– Радосни сме што првпат „Нашиот клас“ се изведува со „Камери“ театарот и Националниот театар „Хабима“ надвор од Израел. Кога пристигнавме тука дознавме дека израелската заедница била протерана и од тука, од Македонија, рече Семел.
„Нашиот клас“, додаде тој, е напишана од полски автор и со неа вечерва сакаат да ја претстават свеќата која ќе гори овде за сите протерани луѓе од Македонија во Втората светска војна.
Амбасадорот на Израел Дан Ориан нагласи дека во Охрид вечерва ќе настапат два водечки театри, ѕвезди на театрот во Израел.
- Навистина ми беше голема чест што помогнав претставата да се одигра во Охрид, а потоа во Битола и Скопје, но и во некои други држави на Балканот. Сигурен сум дека по оваа ќе има уште многу други претстави од Израел што ќе настапуваат тука, рече Ориан.
Претставата „Нашиот клас“ ќе се игра на хебрејски јазик, со превод на македонски и англиски. Номинирана е за најдобра изведба за 2015 година во Израел.
Ново на Сител
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
-

Ја нападнал поранешната партнерка, па и полицаецот што дошол да интервенира - приведен охриѓанец
