НАСА ги претстави учесниците на програмата за спуштање на Месечината

Националната аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) синоќа ги откри имињата на 18 астронаути одбрани да учествуваат во подготовките на програмата за спуштање на површината на Месечината во рамки на проектот „Артемида“.
Половина од одбраните кандидати на оваа елитна група се жени, една од нив ќе биде и првата жена која ќе зачекори на Месечината.
Имињата на астронаутите беа обелоденети од потпретседателот Мајк Пенс при крајот на последниот состанок на Националниот вселенски совет на САД, чиј претседавач е тој. Состанокот се одвиваше во Вселенскиот центар Кенеди на Флорида, под една од трите ракети „Сатурн-5“, со која американските астронаути неколку пати се спуштија на Месечината во рамки на програмата „Аполон“.
НАСА планира летот на Месечината да се случи до 2024 година.
Администраторот на НАСА, Џим Брајдестајн, изјави дека составот на учесниците на групата за подготовки сигурно ќе се зголеми. Сега во НАСА работат вкупно 47 астронаути.
Некои од оваа група веќе имаат летано во вселената. Двајца од нив се Кејт Рубинс и Виктор Гловер кои престојувале во Меѓународната вселенска станица (МВС). Возраста на голем дел од учесниците е од 30 до 40 години, најстариот учесник има 55, најмладот 32.
Од останатите астронаути, Кејл Линдгрен, Ен Меклејн и Скот Тингл, веќе биле на МВС.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Со навремена реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје
-

Итна седница на Кризниот штаб на Кисела Вода по невремето со обилен дожд
-

ЈОРМ: Побарани мерки на претпазливост за доцентка од УГД осомничена за примање поткуп
-

Невремето предизвика поплави - најпогодени се населбите: Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба
-

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб на Град Скопје целосно мобилизиран по силното невреме
-

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје
-

Уапсен 28-годишник од Неготино, оштетил кафемати и одзел пари од нив
-

Физичка пресметка помеѓу четири лица во скопскиот Градски парк поради одземен телефон
