Напаѓачот од црквата ги повикува муслиманите да ја уништат Франција
Агенцијата на Исламска држава Амак вчера објави видео на кое еден од напаѓачите на црквата во северна Франција ги повикува сите муслимани да ја уништат оваа земја, јави Танјуг.
На снимката, која претходно е снимена Абдел Малик Набир Питжан, кој е идентификуван како еден од двајцата мажи, кои го убија свештеникот пред да бидат убиени од полицијата, им се обраќа директно на францускиот претседател Франсоа Оланд и премиерот Мануел Валс.
- Времињата се променија. Ќе страдате на ист начин, на кој страдаат нашите браќа и сестри. Ние ќе ја уништиме вашата земја, вели на снимката, човекот за кого агенцијата Амак тврди дека е Питжан.
- Браќа излезете со нож, што и да е потребно, нападнете ги, убивајте ги масовно, ги повикува тој муслиманите да ги напаѓаат сојузниците на силите на меѓународната коалиција, која во Сирија се бори против ИД.
Ново на Сител
-
Приведено лице од Кавадарци, возел пијан - а имал забрана за управување возило
-
Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор
-
Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада
-
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји
-
До петок повремени врнежи
-
Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
-
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата „Рубикон“?