Македонија
20. August 2016 - 12:30

Нападнат полицаец: Битолчанец сакал да украде грчки автомобил

Во СВР-Битола полициски службеник пријавил дека додека бил службено ангажиран за откривање на сторители на кривични дела – кражби во возило на ул. “Филип Втори Македонски“ го забележал  Ј. П., 25 годишен-познат сторител на кривични дела како провалува во „Нисан Микра“ со грчка национална ознака.
 
Ј.П. насилно ја отворил предната лева врата на возилото, седнал на возачкото седиште и пребарувал низ возилото, по што полицискиот службеник се доближил до осомничениот, се лигитимирал и му наредил да излезе.
 
Ј.П. во тој момент од чантата која ја носел на појасот извадил нож, го отворил и со десната рака почнал да замавнува кон полицискиот службеник со намера да го лиши од живот, по што истиот ја турнал вратата од колата за да се одбрани, а Ј.П. продолжил да замавнува со ножот, при што го скршил внатрешниот ретровизор.
 
Полицискиот службеник повикал интервентна екипа на полицијата која дошла, му го одзела ножот на Ј.П. и го привела во СВР Битола.
 
Од страна на ОС-Битола на Ј.П му е одредена мерка „притвор“ во траење од 8 дена.