Напад во метро во Токио, десетмина повредени
Најмалку десет луѓе се повредени вчера во воз во метро во Токио, кога засега неидентификуван маж ги нападнал патниците со нож, а потоа избегал. Еден од патниците е тешко повреден, а напаѓачот е уапсен и се наоѓа во притвор.
Некои од повредените се прободени со нож, а некои се повредиле при обидот да избегаат од напаѓачот. Осомничениот за нападот при бегството го оставил ножот во возот и мобилниот телефон, тврдат извори од истрагата, јавија јапонските медиуми.
Тој доброволно се предал, откривајќи му на вработениот во една продавница што направил, кој веднаш повикал полиција. Напаѓачот, исто така, се обидел и да подметне пожар во вагонот, објави новинската агенција Кјодо.
Триесет и шест годишниот маж истурил сончогледово масло во возот и се обидел да го запали. Подоцна, при неговото апсење, кај него биле пронајдени шише со масло и запалка. За време на сослушувањето во полиција, човекот го објаснил својот план со желба да убие. Според напаѓачот, тој го избрал возот бидејќи во затворен простор би имало повеќе жртви.
Ново на Сител
-
Тоа што потекнувам од мала земја беше мојот поттик да успеам | Славчо Темелковски | Sitel Podcast 114
-
ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Кирк
-
ЦУК: Под контрола пожарот кај депонијата Дрисла, изгаснати 10 пожари
-
Следните два дена ќе се одвива авионска дезинсекција против комарци на подрачјето на град Скопје
-
Зеленски: Безбедносните гаранции можат да се воведат и пред крај на војната
-
Од 1 Јануари идната година минималецот во Србија ќе биде 551 евро, зголемување за 36 отсто во однос на 2024 година
-
Трамп постхумно ќе го одликува Кирк со Претседателски медал на слободата
-
Газета дело спорт: Ѓоковиќ се пресели во Атина